Младиот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Холанд е вистински хит сезонава во Лигата на шампиони, а синоќа на мечот против Ливерпул влезе во друштво на великани како Ван Бастен и Дрогба.

Имено норвежанецот го повтори рекордот на Ван Бастен, Симеоне и Дрогба и стана четвртиот фудбалер кој на првите два меча во шампионската лига постигна 4 погодоци.

За потсетување Холанд постигна еден гол синоќа на Енфилд против Ливерпул и „хет-трик“ против Генк во претходното коло од ЛШ со што стана најмладиот играч кој постигна хет-трик на деби меч од Лигата на шампиони.