Магичниот Ливерпул го совлада и Манчестер Јунајтед, на денешниот натпревар од 23. коло на Премиер лигата. Ливерпул славеше со резултат 2:0.

Интересно, екипата на Јирген Клоп нема пораз на Енфилд веќе 52 едноподруго натпревари, а серијата се истегна на, верувале или не, 1001 ден. Во овој период Ливерпул извојува 42 победи, а одигра и 10 нерешени средби.

Ливерпул во моментов има 64 бода, односно 16 бодови повеќе од Манчестер Сити, а има и една средба помалку.