Менаџерот на ПСЖ, Томас Тухел нема да добие отказ и ќе го предводи првакот на Франција и во следната сезона. Ова го посочи спортскиот директор на парижаните, Леонардо.

„Тухел е под договор со нашиот клуб уште една година и сигурно ќе биде наш прв тренер и во следната сезона. Кога ќе заврши сезоната во Лигата на шампионите ќе видиме дали тој ќе добие и нов долгорочен договор.“ – изјави Леонардо.

Според него, клубот интензивно работи и на продолжување на договорите со Нејмар и Мбапе и уверува дека навивачите нема потреба да се грижат за амбициите на сопствениците на ПСЖ.