Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел беше видно изреволтиран од резултатот против Бордо. Нерешниеот исход од 2:2 и катастрофалното второ полувреме од шампионот може да донесе и санкции по некои играчи.

„Не може да играме без физчики да се бориме за топката како што тоа го правевме во второто полувреме. Тоа е невозможно. Во првиот дел бевме добри, имаме повеќе шанси и се течеше според планот. Игравме едноставно и дисциплинирано. Второто полувреме не беше ни ОК, вообичаено ги штитам моите играчи но денеска тие не заслужија таков третман.“ – изјави Тухел.

ПСЖ и покрај овој кикс остана на првото место на табелата во Лига 1 но остави простор Марсеј со две победи да стане нов лидер во Фрацнија.