Интер е на добар пат да го обезбеди играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали за 30 милиони евра плус бонуси, тврди „Скај Спорт Италија“.

Новинарот Џанлука Ди Марцио тврди дека договорот меѓу двата клуба е блиску до реализација, откако Тонали јасно стави до знаење дека сака да се пресели на „Џузепе Меаца“.

И покрај фактот што е навивач на Милан, Тонали се одлучи да премине во редовите на Интер и покрај интересот од клубови како Јувентус, Арсенал, Барселона, Наполи и ПСЖ.

Тој сезонава постигна еден гол во Серија А и запиша пет асистенции на 23.настапи за тимот на Бреша, кои до крајот на сезоната ги очекува жестока борба за опстанок. Тој исто така веќе три пати го носеше дресот на „Аѕурите“.