Зинедин Зидан ќе може да смета на Тони Крос и за новата сезона, откако плејмејкерот на Реал Мадрид одлучил да ја одбие понудата од Манчестер Сити и да соработува со Пеп Гвардиола.

Германецот по втор пат во кариерата одбива можност да игра во Манчестер, откако во минатото беше пред трансфер во Јунајтед но тогаш од Баерн Минхен премина во Реал Мадрид.

Крос бил решен кариерата да ја заврши во Реал Мадрид и поради ова нема намера воопшто да преговара за трансфер ова лето, пренесува АС.