Раководството на Торино одлучи да го откаже денешниот тренинг поради нови Ковид-19 случаи во тимот.

Според последните информации од клубот од Серија А, поради последното тестирање на Ковид-19 и новите позитивни случаи, тимот не бил во можност да го одработи денешниот тренинг.

Од Торино информираа дека ситуацијата е стабилна, спречено е проширување на вирусот и се е во договор со здравствените власти.

Од Торино не објавија за кои играчи или членови на стручниот штаб се работи околу заразата со Ковид-19.