Безмалку два месеци или конкретно до 4 мај сите корисници на кабелскиот оператор „Тотал ТВ“ ќе можат песплатно да ги гледаат сите канали. За публиката која сака спорт, а според најавите елитниот фудбал ќе се врати на програмата на почетокот од април, спорскиот пакет на „Тотал ТВ“ во кој влегуваат и Спорт Клуб и Еуроспорт ќе бидат бесплатни.

„Вообичаено ова го правиме во убави моменти, меѓутоа ние сме тука за вас и во непријатните времиња. Свесни сме колкав стрес и промени во животните навики носи вонредната состојба поради епидемијата на вирусот Корона. И знаеме дека и покрај другите препорачани начини на превенција, повеќето луѓе  ќе поминуваат поголем дел од времето дома со семејството најчесто пред телевизорот. Од таа причина како компанија која навистина се грижи за граѓаните и со желба барем малку да се олесни ваквата ситуација во која што сме сите заедно,  решивме до 4-ти Мај да ги отвориме дополнителните канали и да ви ги понудиме најразличните содржини.“ – стои во соопштението на „Тотал ТВ“.

Неофицијално, островскиот фудбал ќе продолжи да се игра од 4 април ако се подобри ситуацијата со Коронавирусот а слични најави има и за најсилното фудбалско првенство во Шпанија.