Франк Лампард во летниот преоден рок е цврсто решен да направи сериозни измени во ростерот на неговата екипа а за таа цел веќе им соопштил на осум играчи од првиот на Челси да си браат нови клуби.

Голманот Кепа Аризабалага веќе е на трансфер листа, а според островските медиуми Лампад не ги планира Баркли, Жоржињо, Маркос Алонсо, Емерсон, Зума, Вилиан и Педро. Последните тројца може да останат во клубот само ако ги продолжат договорите до крајот на сезоната.

Неофицијално Челси по договорот за ангажманот на Зијеч од Ајакс започнал првични преговори и со Сидвел од Лестер и со Јан Облак од Атлетико Мадрид.