Англискиот фудбалски клуб Тотенхем планира да потроши уште 80 милиони фунти за двајца фудбалери.

Станува збор за Аргентинецот, Ло Селсо кој е играч за врска и настапува за Бетис, а доаѓањето на Фекир би значело негово заминување од екипата.

Второто засилување ќе биде момчето за кое се смета дека ќе биде иднина на англискиот фудбал Сесињон кој настапува за лондонски Фулам.

Англиските медиуми објавија дека договорите веќе се постиганти и двата трансфери ќе бидат комплетирани до крајот на неделата, кога се очекува и претставувањето на играчите.