Пјер-Емил Хојбјерг е нов играч на Тотенхем, клубот од Лондон го потврди трансферот на 25 годишниот играч од средниот ред.

Данецот доаѓа од Саутемптон за сума од 20 милиони фунти, потпиша договор на пет години.

„ Мислам дека имам убава можност да напредувам во овој клуб, сакав да додјам тука“ – изјави Хојбјерг.

Хојбјерг е репрезентативец на Данска, за националниот тим на својата земја има одиграно 33 натпревари.