Матиас Гинтер ова лето ќе го промени клубот, тврди Билд откако повеќе евроски клубови и официјално пројавиле интерес за неговите услуги.

Дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах наскоро ќе има можност да бира каде сака да ја продолжи кариерата. За ова да се случи клубовите заинтересирани за Гинтер ќе мора да и платат на Менхенгладбах 60 милиони евра.

Според медиумите од Англија, Тотенхем не е подготвен да ја исплати оваа сума и подготвува понуда од 30 милиони евра со подолнителни бонуси додека Атлетико Мадрид смета дека 60 милиони евра се премногу за дефанзивец од рангот на Гинтер.