Хари Кејн нема подадено рака со Манчестер Сити, или барем Тотенхем за такво нешто не е информиран.

По најавата дека напаѓачот деновиве ќе стане нов играч на Сити, еговиот актуелен клуб но и „Граѓаните“ демантираа дека имаат договор за трансфер.

„Сан“ најави дека Сити е подготвен да плати 160 милиони фунти а Тотенхем е подготвен да ја прифати таа понуда.

Кејн се поврзува со ангажман во Манчестер Сити како замена за Агуеро но засега нема конкретна информација дека тоа наскоро ќе се случи откако и двата клуба излегоа со официјален демант по однос на најновите шпекулации.