Тотенхем веќе подолго време е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона Нелсон Семеду, пишува Goal.com.

Според овој извор, Тотенхем е подготвен да и понуди на Барселона 45 милиони евра за 26-годишниот португалски фудбалер.

Семеду сезонава настапи на 28 средби на Барселона во сите натпреварувања и забележа 5 асистенции. Порталот Transfermarkt.com го цени Семеду на 40 милиони евра.

Денеска имаше и информација дека Семеду, заедно со Артуро Видал и со 70 милиони евра, ќе му биде понуден на Интер за трансферот на Лаутаро Мартинес.