Еден од најбараните фудбалери во моментот и член на францускиот Лион Тангуј Ндомбеле од наредната сезона ќе игра за Тотенхем.

Како што пренесуваат британските медиуми Лион ја прифати понудата на „спарси“ од 65 милиони евра со што 21-годишниот играч за врска ќе биде најскапоплатениот фудбалер во историјата на клубот од Северен Лондон.

Ндомбеле се очекува да биде соодветна замена за Кристијан Ериксен,кој според најавите би требало да замине од Тотенхем.