Откако во неколку наврати одби да го продолжи договорот со Тотенхем, Ерик Даер се најде на листата за продажба во бележникот на Жозе Мурињо.

Управата на тимот од Лондон сака да избегне повторување на грешката со Ериксен и да биде приморана да го продава Даер за „мали пари“. Ова ќе се случи со Алдервирелд и Вертонген кои ова лето ќе можат да го напуштат Тотенхем без оштета.

Даер има договор до јуни 2021 година а во моментов за неговите услуги интерес има од неколку тимови од Премиер лигата.