Фудбалерот на францускиот Лион, Танги Ндомбеле, ќе стане нов играч на лондонски Тотенхем.

Според информациите од Англија и медиумите во оваа земја 22-годишниот играч утрово пристигнал во Лондон, по што потоа успешно ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе биде промовиран како најскапиот фудбалер во историјата на Тотенхем.

Полуларните „Спарси“ за неговите услуги ќе платат 62 милиони евра на Лион веднаш и дополнителни 10 милиони евра преку различни бонуси.