Управата на Тотенхем му понудила нов договор од пет години на Ериксен според кој плејмејкерот ќе заработува по 170 000 фунти неделно.

Со двојното зголемување и новите бонуси, од Тотенхем се надеваат дека ќе го убедат Ериксен да остане во Лондон и покрај интересот од Реал Мадрид и ПСЖ кои сакаат да го купат ова лето.

Воедно и да го спречат Јувентус да потпише преддоговор со Данецот за премин во Торино следното лето без трансфер оштета.

Хари Кејн вчера јавно побара Ериксен да се насочи кон настапите за „Спарс“ барем до моментот додека е под договор со нив.