Жозе Мурињо одлучил дека Серж Орие нема иднина во Тотенхем и ова лето ќе биде продаден. Поради ова понудата до Јувентус за Сандро е Орие плус пари пренесува „Тутоспорт“.
Мурињо верува дека со ангажман на Сандро ќе ја зајакне левата страна и додека за спротивната размислува да го ангажира Тимоти Кастањ до Аталанта.
Во игра се и Де Шиљо во Јувентус како и кам-бек на Дени Роуз кој во моментов е на позајмица во Њукасл.
Мурињо ова лето се очекува да направи сериозна реконструкција на тимот со желба во новата сезона да биде конкурентен за водечките места на табелата.
Comments are closed for this post.