Првиот голман на Франција, Хуго Лорис нема да може да игра фудбал до крајот на оваа календарска година потврдија со официјално соопштение од Тотенхем.

„Нема да биде потреба операција. Нашиот капитен ги повреди лигаментите и не очекуваме дека ќе се врати на тренинг до крајот на 2019 година. Хуго го оечкува период на одмор и на рехабилитација“ – велат од Тотенхем.

Лорис се повреди викендот на дуелот меѓу Тотенхем и Брајтон кој го доби аутсајдерот со 3:0.