Откако во минатото лето не купија ниту еден играч, во ова, челниците на Тотенхем се решени да ја зголемат конкуренцијата во екипата на Покетињо.

Неофицијално, Тотенхем понудил 100 милиони евра за Дибала од Јувентус но ова најверојатно нема да биде доволно за репрезентативецот на Аргентина да заврши во Лондон.

Кориере дело Спорт тврди дека Дибала не сака да го напушти Јувентус и дека ќе направи се за да го убеди Сари да му даде поголема улога во нападот. Ако Тотенхем не успее да го купи Дибала ќе се насочи кон привлекување на Заха од Кристал Палас.