Лондонскиот Премиер лигаш, Тотенхем ја продолжи соработката со АИА како главен спонзор на нивните дресови.

Според новиот договор Тотенхем ќе заработи 320 милиони фунти во следните осум години со што ќе се израмни со заработката на Челси за нивниот главен спонзор Јокохама.

Тотенхем според новиот договор ќе заработува по 40 милионуи фунти по сезона, што е за десет милиони помалку во однос на рекордот кој е во сопственост на Јунајтед и нивните 50 милиони фунти годишно од Шевролет.

Тотенхем денеска за прв пат ќе го носи новиот дрес за домашни натпревари во контролниот дуел со Манчестер Јунајтед.