Екипата на Тотенхем е во сериозна потрага по тренер кој ќе ја води екипата следната сезона.

Најновите информации говорат дека управата на Тотенхем стапила во контакт со тренерот на Аталанта , Џанпјеро Гасперини кој се наведува како еден од најсериозните кандидати да седне на тренерското столче на клубот од северен Лондон.

Гасперини веќе неколку сезони ја води Аталанта и успеа со тимот од Бергамо да постигне голем успех , и од просечен тим да создаде тим кој се бори за скудетото во Италија.

Претходно беше објавено дека Тотенхем е во разговори со поранешниот тренер на Челзи и Јувентус, Маурицио Сари но голема е шансата Гасперини од следната сезона да го гледаме во екипата на Тотенхем.

Англискиот тим моментално е шести на табелата со изгледни шанси за настап во Европа следната сезона.