Додека навивачите на Арсенал ја очекуваат официјалната потврда на најавата на Л`Екип за преселбата на Филипе Кутињо на „Емирати“, гратскиот ривал на „топџиите“, Тотенхем доставил официјална понуда за позајмица на Бразилецот пренесува островски „Мирор“.

Маурисио Покетињо смета дека може да го извлече најдоброто од Кутињо, а играч од негов калибар може да му помогне на тимот конечно вистинскида се вклучи во трката за титулата во Премиер лигата.

Се верува дека Тотенхем е подготвен да и плати на Барселона 25 милиони евра за едногодишната позајмица на Кутињо. Во меѓувреме очекуваме реакција од Арсенал во однос на трката за ангажманот на плејмејкерот на каталонскиот гигант.