Кристијан Ериксен дефинитивно ќе го напушти Тотенхем до крајот на летниот преоден рок. Ова го тврдат медиумите од Англија откако од управата на овогодинешниот финалист во ЛШ веќе го понудиле плејмејкерот на Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.

Тотенхем предходно не сакаше да слушне за продажба на Ериксен за помалку од 120 милиони евра но откако им станало јасно дека нема да ја добијат посакуваната цена а играчот останува без договор следното лето одлучиле да го понудат на „кралевите“.

Реал Мадрид сеуште се труди околу евентуалниот трансфер на Погба од Јунајтед но последните најави водат кон останување на французинот на Олд Трафорд па ова може да го смени ставот на Зидан во однос на можноста да го добие Ериксен во своите редови.