Тотенхем започна да бара нов тренер. По отказот на Жозе Мурињо, клубот не се одлучи за постојан шеф на стручниот штаб, но сега клубот има двајца кандидати, пишува „Дејли експрес“.

Станува збор за селекторот на белгиската репрезентација, Шпанецот Роберто Мартинез и за португалскиот тренер и предводник на Вулверхемптон, Еспирито Санто.

Се пренесува дека „петлите“ веќе стапиле во контакт со шпанскиот специјалист и може да потпишат договор со него по завршувањето на Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето.

Доколку не се оствари Мартинез, Тотенхем ќе тргне по Нуно Еспирито Санто кој од Волфс направи една респектабилна екипа и би можел истото да го направи и со Тотенхем кој веќе долго чека на било каков трофеј.