Одличниот јужнокорејски фудбалер Сон Хеунг Мин во Тотенхем ќе остане до летото 2025-та година, јавуваат англиските медиуми.

Според многумина еден од најдобрите играчи на Тотенхем последните неколку сезони во Лондон пристигна од 2015-та година и досега успеа да постигне 107 голови надополнети со 64 асистенции.

29 годишниот Сон потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш кој така ја реши големата дилема во нападот по веста дека најдобриот играч, Хери Кејн ќе го напушти тимот.

„Овде се чувствувам како дома посебно кога е во прашање односот со навивачите, соиграчите и персоналот. Затоа ми беше лесно да ја донесам одлуката за останување“- вели Сон.