Даниел Леви се чини дека нема да успее да го задржи Хари Кејн во составот на Тотенхем, откако напаѓачот е упорен да го изддејствува неговиот трансфер во Манчестер Сити.

Островските медиуми тврдат дека репрезентативецот на Англија побарал да му биде дозволено да се пресели на „Етихад“ откако Сити е подготвен да потроши 120 милиони фунти за трансфер оштета.

Кејн дополнително се мотивирал да го промени клубот откако извесно е дека Џек Грилиш од Астон Вила наскоро ќе биде претставен како ново засилување за екипата на Гвардиола.

Тотенхем не сака да го продаде 28 годишниот напаѓач кој пак верува дека сега е вистинско време за промена, анализираат од „Дејли Меил“.