Откако јасно стана дека Кристијан Ериксен ќе го напушти Тотенхем во јануари, најдоцна во јуни кои и му истекува договорот, клубот од Лондон работи на ангажман на негова замена.

Островските медиуми тврдат дека плејмејкерот на Лестер, Џејмс Мадисон е главна трансфер цел на Тотенхем во зимскиот преоден рок.

За Мадисон постои интерес и од Ливерпул и од Манчестер Јунајтед а неофицијално Лестер ќе дозволи продажба само за понуда од 80 милиони евра.

Мадисон во Лестер пристигна во 2018 година од Норвич за 20 милиони евра и во меѓувреме прерасна во еден од најдобрите млади креативци во Премиер лигата.