Управата на Тотенхем, предводена од Даниел Леви интензивно работи на планот за „живот“ без Хари Кејн, пренесува „Спортсмеил“.

Ова доаѓа по барањето на Хари Кејн да биде продаден ова лето а како главни кандидати за негов ангажман се издвоени Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Леви во целата зделка ќе се обид да добие и директна замена за Кејн, ако има договор со Јунајтед, ќе го побара Ентони Марсијал а ако Манчестер Сити го договори Кејн, планот на Тотенхем е да побара во трансфер зделката да биде вклучен и Габриел Жезус.

Тотенхем за Кејн бара 150 милиони евра, Марсијал и Жезус во моментов на трансфер пазарот вредат околу 50 милиони евра.

Ова значи дека клубовите од Манчестер покрај тоа што ќе мора да се откажат од еден напаѓач ќе мора да подготват и 100 милиони евра за да го добијат репрезентативецот на Англија.