Легендата на Рома, фудбалска икона на клубот, Франческо Тоти, изјави дека не е задоволен како се развиваат работите во клубот, резултати не, нема титули, нема ништо.

Има најави дека инвеститори од САД ќе го превземат клубот, Тоти не верува во „бајки“, смета дека Рома тоне…

„Слушам дека Американци ќе вложат во Рома, не сум баш сигурен дека е така, сакам клубот да освојува титули, но засега работите не одат на добро, во ваква ситуација не бисе вратил во клубот“ – изјави Тоти за радио од Рим.