Франческо Тоти, легендата на „волчицата“ пред дербито меѓу Лацио и Рома в недела од 18 часот, говореше за фаворитите за титулата во калчо лигата.

Тоти смета дека Јувентус има најголеми шанси за шампионската круна, Интер и Наполи се екипите кои ќе му ја отежнат работата.

„Јасно е дека Јувентус ќе биде повторно шампион, нема да биде тоа убедливо бидејќи Интер и Наполи се засилија навистина многу. Тоа ќе биде распоредот на првите три позиции, Рома ќе се бори за четвртото место“ – тврди Тоти.