Франческо Тоти ќе остане запаметен по еден од најлојалните играчи на сите времиња во Серија А. Понудите од големите клубови не го предомислија тој да ја започне и да ја заврши кариерата во Рим, носејќи го дресот на „Римската Волчица“.

„Мојата мајка е навивач на Лацио исто како и мојата баба. Кога бев мал добив понуда, две опции. Немав зошто многу да размислувам, мојот брат и татко ми навиваа за Рома. Ја одбрав Рома, но мојата фамилија во целина преферираше да играм за Лацио. За среќа, моја среќа ја одбрав правилната страна.“ – изјави Тоти.

Тој призна дека во 2003 година имал супер понуда од Реал Мадрид, повеќегодишен договор и плата од 20 до 25 милиони евра за целиот престој и десетката на Фиго.

„Бев во последната година од договорот и сакав да си заминам, 80% се беше договорено, разговарав со челниците на Рома и моите пријатели и тие ме убедија да го слушам срцето, поради тоа го одбив Реал.“ – објаснува Тоти.