Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти не се сомнева дека неговиот некогашен соиграч, Синиша Михајловиќ ќе ја победи битката со леукемијата и дека заедно ќе ја слават победата над тешката болест.

Тоти на Твитер објави фотографија на која како капитен на Рома се поздравува со Михајловиќ.

„Ќе се борам и ќе се радувам со тебе, затоа што ова ќе биде победа. Напред Синиша.“ – напиша Тоти.