Фудбалерот на Шкендија, Тотре е уверен дека сите кои добија повик, од селекторот на Македонија, Игор Ангеловски ќе го дадат својот максимум во среда против Ерменија.

„За нас примарната цел е остварена, пласман на ЕУРО, сега сме тука за победа против Ерменија, сакаме прогрес во Б лигата, го познаваме противникот, треба да ги исполниме задачите на селекторот. Знаеме дека ни недостасуваат играчи, но ние што сме тука ќе го дадеме максимумот за победа.“ – изјави Тотре.

Во отсуство на Адеми, Барди и Спировски, Ангеловски ќе мора да изнадје ново решение за средниот ред против Ерменија.