Македонскиот репрезенативец Езгијан Алиоски ова лето ќе биде трансфер мета на повеќе европски клубови ,поради фактот дека неговиот договор со Лидс истекува на крајот од сезоната а двете страни се далеку од постигнување договор.

Турскиот прволигаш Трабзон е последен од клубовите кој го посакува Алиоски.

Челниците на клубот веќе имале средба со менаџерот на Алиоски, но истите не минале во посакуваната насока, затоа што немало согласност за старт на преговорите за трансфер.

Имено Македонскиот репрезентативец преферирал трансфер во Галатасарај па затоа и експресно го одбил тимот на Трабзон.

Трабзонспор ќе се обиде уште еднаш да го реализира трансферот на Алиоски, затоа што управата го сака играчот во своите редови, а доколку не дојде до посакуваната реализација , турскиот тим ке се насочи кон Ван Анхолт од Кристал Палас.