Францускиот тренер Зинедин Зидан повторно ќе биде во центарот на вниманието за време на својот десетти двобој против Барселона како тренер на Реал Мадрид.

Французинот има скор од четири победи, две нерешени и три порази против каталонскиот клуб.

Интересно е што Зидан сите три порази како тренер против Барселона ги има на „Сантијаго Бернабеу.

На „Камп Ноу“, Зидан нема пораз во кариерата и е единствениот тренер на „кралскиот клуб“ по Бернд Шустер со позитивен биланс во пресметките со Барселона.