Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо се соочува со голема фамилијарна трагедија, откако утринава ја загуби својата сестра Франческа.

Taa долг период се мачеше со ретка болест, поради која од февруари беше хоспитализирана во болницата во Варезе, каде Гатузо веднаш се упати по дознавањето на страшната вест.

Франческа во болницата иако била под константно внимание на медицинскиот тим, состојбата и се влошувала со текот на времето и утрово починала на 37-годишна возраст.