Португалските медиуми ја пренесоа трагичната вест, синот на Михаел Балак го загуби животот во сообраќајна несреќа  во близина на Лисабон.

Емилио Балак (18 години) го загубил животот по падот кој го имал од својот четирицикл, други детали нема, освен дека трагедијата се случила кога тој се  враќал од плажата за време на летниот во близина на Лисабон.

Трагичната вест ја потврди и Челси  кој испрати сочувство до цело семејство на Балак.