Голема трагедија му се случи на фудбалскиот клуб Ајакс. Во текот на ноќта меѓу петок и сабота, во сообраќајна несреќа загина 16 годишниот Ноа Гасер.

Оваа тажна вест го потресе фудбалскиот свет, а трагедијата да биде уште поголема, со него во автомобилот бил и неговиот брат. Двајцата загинале на лице место.

Гасер беше член на фудбалската академија на Ајакс и претставувал голема надеж на клубот, но за жал својот фудбалски и животен пат тој го заврши прерано.