Македонија Ѓорче Петров денес го објави името на второто засилување.

Од клубот велат дека 19- годишниот Трајкоски ќе игра на крилната позиција во составот на ѓорчепетровци и по добрата сезона во ФК Победа од Прилеп ќе добие шанса за уште поголем напредок во црвено-жолтиот дрес.

„Среќен сум за моето доаѓање во Ѓорче и се чувствувам одлично во новата средина. Задоволен сум од она што го видов досега, од тоа како клубот е организиран и функционира и се’ укажува на тоа дека како млад играч ќе имам шанса на напредувам. Ветувам дека ќе дадам се’ од себе и достојно ќе ги носам боите на овој дрес.” – истакнува младиот Трајкоски.

Клубот претходно го договори и Ермедин Адем (28), повратник во нивните редови, кој по претходната соработка со екипата на ФК Ренова, повторно го облекува лавовскиот дрес.