Македонскиот напаѓач Александар Трајковски денес заминува на прегледи по вчерашната повреда на натпреварот Австрија-Македонија.

Играчот се пожали на силни болки во зглобот откако незгодно згазна на теренот, по што ја напушти играта.

Медицинските прегледи кои треба да бидат извршени денес ќе покажат колквата е сериозноста на повредата и колкава пауза го чека Трајковски.