Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски подолго време се мачи со повреди, а на дуелот со Австрија заработи нова.

Фудбалерот на Мајорка за „Дриблинг“ изјави дека денес ќе направи детални прегледи и најверојатно нема да е во составот на Ангеловски за дуелот со Израел.

„Анализите кои требаше да ги направам вчера, ќе ги направам денес. Подобро се чуствувам, но тешко дека ќе бидам во комбинација за дуелот со Израел“-изјави Трајковски.

Мечот меѓу Македонија и Израел од квалификациите за ЕП 2020 се игра утре на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 минути.