Шпанска Мајорка до крајот на оваа недела ќе го потврди договорот со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на талентираниот Такефуса Кубо.

Според медиумите од Пиринеите, Зидан одлучил дека на „јапонскиот Меси“ му е потребна најмалку една сезона во помал клуб со цел да добие искуство за да може да се бори за место во првиот тим на „кралевите“.

Ова значи дека Александар Трајковски кој неодамна потпиша за Мајорка ќе добие сериозна конкуренција во Кубо кој беше неверојатен  во кралскиот дрес за време на подготовките ова лето.