Александар Трајковски верува дека Македонија има капацитет да се носи со предизвикот во завршните два дуели од евроквалификациите (Австрија 16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена и Израел 19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“ ).

„Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција“.– изјави Александар Трајковски.

Нашиот репрезентатативец не игра редовно за Мајорка па на дуелите со Австрија и  Израел има шанса уште еднаш да го докаже својот квалитет и да му покаже на својот клупски тренер дека носи погрешни одлуки во последните три недели.