Напаѓачот на Македонската репрезентација и на Мајорка ,Александар Трајковски на денешната прес конференција одговараше на прашањата на новинарите и УЕФА , и според кажаното е голем оптимист и верува во пласман понатаму.

„Искрено мислам дека изигравме компактно 70. минути, се боревме до крај сите , потоа дојдоа нивните два гола ,кои  по мое мислење многу наивно ги примивме. Неможам да кажам дека беа поквалитетни од нас , створавме шанси и покажавме дека можеме да играме со секого , ако продолжиме вака мислам дека имаме шанси со сите, доколку ги санираме грешките од вчера. Оваа Македонија нема да се предаде никогаш и никогаш не треба да не отпишуваат знаејки колкава борба вложуваме во секој меч,- истакна Трајковски

Трајковски смета дека имаме време да се соземеме, да ги согледаме грешките и да одиме на победа со Украина.

 

„Ќе погледнеме каде сме згрешилие , имаме време да се рекуперираме , атмосферата е одлична имаме уште шанси да ја поминеме групата , спремни сме мотивирани и ке направиме се за да ја израдуваме јавноста.Задоволен сум од нашата игра и ако продолжиме вака мислам дека нема да ги повториме истите грешки кој ги направивме со Австрија односно мора да играме сконцентрирано 90 минути односно до крајот на мечот,“ рече Трајковски и додаде:

Натпреварот со Украина ке биде клучен ,како и за нив така и за нас, треба максимално да се сконцентрираме и да ја добиеме , знаеме дека и тие ке бидат мотивирани , ке биде меч во кој ке има голема борба бидејки кој ке победи оди понатака , убеден сум во оваа репрезентација убеден сум во успех и пласман понатаму“.заврши Македонскиот репрезентативец