Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски конечно доби минути во составот на Мајорка. Влезе од клупата за резерви во дуелот со Вилјареал и одигра 24 минути а неговиот тим на крајот загуби со 1:0.

Сепак ова нема да го демотивира Трајковски кој последен пат играше за Мајорка во Јануари против Сарагоса а потоа беше седум натпревари надвор од тимот.

Трајковски на социјалните мрежи објави фотографија со пораката: До последната капка.

Мајорка и Трајковски во петок ќе го дочекаат Леганес во натпревар од 30 коло од Ла лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore