Александар Трајковски погоди за  Мајорка, но неговиот тим беше елиминиран од Фуенлабрада во Купот на Шпанија.

Тренерот на Мајорка, Луис Гарсија  смета дека Трајковски по овој постигнат  гол ќе има поголема самодоверба.

„Трајковски постигна гол, ова е важно за него,се надевам дека ќе може позитивно да реагира и во иднина, и да има уште повеќе среќа“ – изјави Луис Гарсија.