Она што Дриблинг.мк го објави пред 10 месеци, Александар Трајковски го потврди во изјава за познатиот новинар од Италија, Џанлука Ди Марцио.

Трајковски во во минатиот летен преоден рок се поврзуваше со повеќе клубови од Европа како што се Фенербахче, Спортинг Лисабон и Каљари, но напаѓачот се одлучи за трансфер во Ла Лига.

„Имаше интерес од Милан, но тоа само по себе не беше доволно. Верував дека ќе се договориме но работите не се развија како што сакав па се преселив во Мајорка. Имав и други опции, но кога пристигнаа та од Мајорка, одлучив да се пробам во Шпанија. Никогаш не се знае, можеби еден ден повторно ќе се вратам во Италија.“ – изјави Трајковски во интерцјито за Џанлука Ди Марцио.

Трајковски во деби сезоната во Ла Лига, за Мајорка одигра седум натпревари, а три во Купот на Кралот,  не постигна ниту еден гол, а во оваа календарска година ретко добиваше шанса и на клупата за резерви.