Александар Трајковски вечерва ќе биде во комбинација за настап кај Мајорка во Купот на Кралот против екипата на Клуб Дерпотиво Ел Аламо.

Македонскиот репрезентативец се повреди за време на настапите за националната репрезентација мечот со Австрија во Виена.

Трајковски веројатно натпреварот против КД Ел Аламо ќе го започне од клупата за резервни играчи бидејќи подолго време отсуствуваше.

КД Ел Аламо е домаќин на овој натпревар кој започнува од 18 часот.